Софија Вергара не е славна личност што оди на скијачки терени за време на празниците, фановите знаат дека секогаш ќе ја најдат на плажа. Така, додека другите се заглавени во длабок мраз, актерката ги топи срцата со својата фотографија во црно бикини.
Таблоидите го објавија жешкото селфи што ѕвездата на „Современа фамилија“ (50) го сподели на „Инстаграм“ во средата, со позитивни коментари за нејзината беспрекорна фигура во црн дводелен костим за капење. „Малите црни бикини ги греат нашите замрзнати срца“, „Актерката ја покажа својата неверојатна фигура, формирани мускули и облини во бикини“…, беа некои од насловите на веста за тропското бегство на парот.
Својата природна убавина ја истакна со мат розов кармин и црн молив за очи. Од накит Софија носи белезица од „Ван Клиф и Арпел“.
Колумбиската ѕвезда објави фотографија и од сопругот Џо Манганиело додека се релаксира на плажа во пресрет на неговиот 46. роденден.
Софија претходно се огласи на социјалните мрежи во вторникот за да му го честита роденденот на својот сопруг.
На своите „Инстаграм-приказни“ објави селфи на кое Џо е во заднина.
„Доаѓа твојот роденден @joemanganiello“, напиша таа во објавата за своите 27,5 милиони следачи.
Темпераментната Вергара е омилена јавна личност на многумина не само поради веселоста што секогаш ја носи со себе туку и поради својот изглед.