Утрински Весник
Свет

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

20241129082804 Big 730x400 22.webp.webp

Тројца американски државјани кои со години беа затворени во Кина, пристигнаа во САД како дел од размена на затвореници меѓу Вашингтон и Пекинг, јавија синоќа дел од американските медиуми.

Размената следеше по дипломатски договор меѓу САД и Кина.

Пекинг вчера објави дека САД дозволиле четири затвореници да се вратат во Кина, од кои најмалку тројца се кинески државјани. Кинеската влада не ги откри нивните имиња.

Тројцата Американци ослободени во размената се Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леун, кои веќе пристигнаа во воената база во Сан Антонио, Тексас. Според некои извештаи, еден од нив бил доушник на Федералното биро за истраги (ФБИ).

-Многу сум среќен што се вратија дома, изјави во меѓувреме претседателот Џо Бајден.

Од страна на владата на САД сите тројца беа прогласени за неправедно задржани. Свидан се соочуваше со смртна казна поради обвинение за трговија со дрога, додека Ли и Леун беа во затвор поради обвиненија за шпионажа.

Стејт департментот неделава го заостри предупредувањето за патувања во Кина од „трето ниво“ на „второ ниво“, советувајќи ги американските граѓани „да бидат особено претпазливи“ при патувањата во Кина.

Претходно, Стејт департментот препорачуваше Американците да се воздржат од патувања во Кина, делумно поради ризикот од неправедно задржување на американски граѓани.

Размената на затвореници се случи два месеца откако Кина го ослободи Дејвид Лин, христијански пастор од Калифорнија, кој помина речиси 20 години во затвор во Кина откако беше осуден за измама со договори.

Во август, САД извршија уште една историска размена на затвореници, но со Русија.

Како дел од таа размена беа ослободени американските новинари Алсу Курмашева и Еван Гершкович, поранешниот маринец Пол Вилан и Владимир Кара-Мурза, лидер на руската опозиција кој живее во САД

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја