Утрински Весник
Балкан

Трочлено семејство пронајдено мртво во куќа во Чачак

Stop policija.jpg

Трочлено семејство од Босна и Херцеговина е пронајдено мртво утрово во нивната семејна куќа во Чачак, Република Србија.

Според информациите во српските медиуми, пронајдени се телата на таткото, мајката и синот. Родителите имале околу 75 години, а синот 47 година и до неговото тело бил пронајден нож.

– Тие дојдоа од Босна и Херцеговина, прекрасни, вредни и чесни луѓе. Не живееја таму цело време, туку доаѓаа од време на време. Колку што знаеме, нивниот син живеел во странство. Никој никогаш немал проблеми со нив, ова е вистинска трагедија, изјавил еден од соседите за агенцијата РИНА.

Сè уште не е познато дали станува збор за двојно убиство и самоубиство или за тројно убиство.

Полициски екипи се на местото на настанот и ја обезбедуваат куќата каде што се случило злосторството, а сите околности под кои се случило ќе бидат познати по истрагата.

Можете да прочитате

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања

Нови дојави за бомби во Загреб

Пукање од возило во движење во Албанија, маж и жена убиени!