Утрински Весник
Балкан

Тројно убиство во Србија: Млад човек со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата

Policija Srbija 1.jpg
Dik 300x250 mk

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ денеска изјави дека дваесет и двегодишниот Алекса Милојевиќ извршил тројно убиство во неговата семејна куќа во градот Књажевац.

„Дваесет и двегодишниот Алекса Милојевиќ попладнево во својот семеен дом во Књажевац го изврши тројното убиство на својот татко, дедо и баба. Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата биле тешко болни. Убиството го извршил со ловечкото оружје на дедо му. Лицето е лишено од слобода и го признало делото, а на полицијата и рекол дека повеќе не можел да се грижи за нив“ – изјави Дачиќ.

Како што дознава „Телеграф.рс“, убиени се M.M.(81), С.M.(83) и П.M. (60).

Можете да прочитате

Шест жртви во пожар во магацин за парфеми во Турција

Бугарија ја става рафинеријата „Лукоил“ под државна контрола поради американските санкции

Два земјотреси во рок од 30 минути ја стресоа БиХ