Утрински Весник
Свет

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Svedska policija1 800x415 1.jpg

Во шокантен случај што го потресе регионот, 37-годишен државјанин на Словачка вчера попладне се предаде на австриската полиција во Линц и призна дека извршил тројно убиство во германскиот град Цвизел, во округот Реген, каде што и живеел.

Според првичните информации, телата на трите жртви биле пронајдени во куќата на осомничениот. Германските медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата, пренесуваат дека едно од телата било распарчено и скриено во фрижидер – детал што дополнително ја зголемува морничавоста на случајот, пишува Fenix Magazin.


Полицијата на Долна Баварија потврди дека осомничениот е привремено уапсен и дека се работи на неговата екстрадиција во Германија. Меѓу жртвите се идентификувани 22-годишна жена и 56-годишен маж, обајцата германски државјани, додека идентитетот на третата жртва сè уште не е официјално потврден, но се претпоставува дека станува збор за уште една жена.

Сите жртви, како и осомничениот, живееле на истата адреса. Засега не е познат ниту мотивот за убиствата, ниту точната причина за смртта на жртвите. Германските власти одбиваат да шпекулираат за употребеното оружје или видот на повредите.

Куќата каде што се случило злосторството веќе била позната на полицијата како „проблематична“. Според локални извештаи, таму живееле лица со запуштен изглед, често под дејство на алкохол, а нередите и насилството биле редовни појави.

„Ја знаеме адресата. Таму живееле околу десетина луѓе, а дворот бил полн со ѓубре“, изјави портпаролката на полицијата. По откривањето на телата, куќата била веднаш запечатена, а останатите станари биле евакуирани на безбедно место. На терен се форензичари и истражни тимови од Дегендорф, додека истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум

Израелската армија упадна во складиштата на СЗО во Појасот Газа