Утрински Весник
Македонија

Тројца вработени од Комунална се повредени по интервенцијата на полицијата

Тројца вработени од Комунална се повредени по интервенцијата на полицијата

При интервенција на полицијата пред Јавното претпријатие, Комунална хигиена повредени се тројца вработени, соопшти синдикатот.

dobivaj vesti na viber

Вработените не дозволуваа камионите за чистење на смет да ја поминат капијата и легнаа на земјата, по што интервенираа специјалци и ги тргнаа демонстрантите на страна, пропуштајќи ги возилата.

Од синдикатот велат дека решението не е на ваков начин, туку преку дијалог. Направиле неколку обиди да стапат во контакт со директорката Косана Мазнева, но обидите поминале безуспешно. Последниот обид бил денес, кога им кажала дека ќе ги контактира.

Главниот револт на вработените, како што посочија од Синдикатот, е покачувањето на платите, К-15 и бенифициран стаж. Од тука се извинија за неподигнатиот смет и повикаа на разбирање од скопјани за проблемите на вработените.

 

 

Можете да прочитате

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица

Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!