Утрински Весник
Македонија

Тројца со кандидатури за лидер на СДСМ, до крајниот рок има уште три дена

D181d0b4d181d0bc D0bfd0bed182d0bed0bfd0b5d0bdd0b8 D181d0b5 D0bbd0b0d0b3d0b8d182d0b5 D0bdd0b0 D0bcd0b8d186d0bad0bed181d0bad0b8 D0bdd0b5 63cd8b4d5127e.jpeg

Славјанка Петровска, Венко Филипче и Јован Деспотовски се тројцата функционери на СДСМ кои досега јавно изјавија дека ќе поднесат кандидатури за претседател на партијата.

Првите двајца ќе бидат и пратеници во новиот парламентарен состав, откако усепаја да обезбедат пратенички мандати како носители на листи, додека Деспотовски е директор во заминување во Дирекцијата за технолошки развојни и индустриски зони и единствен од оваа група кој има искуство во учество на внатрепартиски избори.

Иако се шпекулираше, досега, потпретседателот на партијата Стефан Богоев нема поднесено своја кандидатура, додека друг потпретседател, Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово, јавно се изјасни дека нема да се кандидира за лидер на партијата.

Сепак, извори на Бихаќка, коментираат дека до последниот рок за доставување на кандидатурите можно е да се случи да биде поднесена уште некоја кандидатура.

Крајниот рок за поднесување на кандидатурите е чести јуни (четврток) а од денеска тече и активната онлајн регистрација на членовите на СДСМ кои на гласање ќе излезат на 30 јуни.

Според Статутот и Правилникот, право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми, а за кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Внатрепартиските избори доаѓаат откако СДСМ заедно со коалицијата претпре сериозен пораз на последните парламентарни избори и освои околу 150.000 гласови и само 18 пратеника.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација