Утрински Весник
Македонија

Тројца скопјани искасани од кучиња – меѓу настраданите е малолетник, еден од случаите е на гробиштата во Бутел

(Видео) Глутница кучиња нападнаа домашен миленик во Аеродром, жителите алармираат дека шетаат со страв
Dik 300x250 mk

Тројца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња.

dobivaj vesti na viber

„Во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода А.Д.(39) од Скопје пријавила дека на ул.“Светлана Христова Јоциќ“ била касната од куче скитник. Во 13.15 часот во Полициската станица Аеродром А.Г.(51) од Скопје пријавила дека на бул.“Видое Смилески-Бато“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Во 20.30 часот во Полициската станица Чаир К.М.(65) од Скопје пријавила дека кај градските гробишта Бутел била касната од куче скитник“, велат од МВР.

Изминатиот период имаше остри критки за кучињата скитници и нивното оставање да умираат по улиците. Минатата недела, малолетник беше искасан во школски двор. Повеќепати во изминатите денови, во полициските билтени имаше вакви случаи.

Можете да прочитате

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни и 14 новинари

Претпладне магливо, попладне сончево – 24info.mk

Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови, ако не се изврши избор Владата именува повереник