Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат село Караорман – Штип

20251209205421 big 730x400 83.webp.webp

Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат село Караорман – Штип. Од СВР Штип информираат дека на терен се полициски службеници и во тек е увидот на местото на несреќата.

За да интервенираат во извлекување на повредените од возилото биле повикани и пожарникари. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница за укажување лекарска помош.

Од СВР-Штип најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Регионалниот пат село Караорман – Штип е затворен за сообраќај од 19.35 часот. Тој дел од патот каде што се случила сообраќајката, помеѓу општините Штип и Карбинци, е познат како црна сообраќајна точка бидејќи често се случуваат несреќи.

Можете да прочитате

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството

69-годишен маж почина од компликации од грип во Скопје