Утрински Весник
Свет

Тројца полицајци убиени во Пакистан, одговорноста ја презедоа талибанците

Тројца полицајци убиени во Пакистан, одговорноста ја презедоа талибанците
Ss2

Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за вооружениот напад во кој загинаа тројца полицајци на северот на земјата.

dobivaj vesti na viber

Тоа е втор напад извршен од групата само неколку дена откако објави прекин на примирјето со владата, објави Ројтерс.

Ss1

Полицијата која патролирала во Ношера, во областа на провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, била нападната вечерва, изјави претходно за британската агенција заменикот на регионалната полиција Мохамад Али Гандапур.

Тој рече дека на лице место биле убиени тројца полицајци и дека идентитетот на напаѓачот не е познат.

Екстремистичката група Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП) ја презеде одговорноста за нападот.

ТТП во понеделникот објави дека го прекинува повеќемесечниот прекин на огнот, преземајќи ја одговорноста за самоубиствениот напад во јужен Пакистан во Кета два дена подоцна, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 30 беа ранети.

ТТП сака да ја собори пакистанската влада и да ја замени со систем на управување што се согласува со нивното строго толкување на исламскиот закон.

Ss1

Можете да прочитате

Германија најави продолжување на соработката со УНРВА

Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети

Сенатот на САД го усвои нацрт-законот за забрана на Тик Ток