Утрински Весник
Македонија

Тројца осомничени за педофилија врз ќерка и врз дете кое не наполнило 15 години

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

Во Кавадарци и Неготино регистрирани се два одвоени случаи на педофилија. Во првиот, во Кавадарци две лица на 57 и на 40 години се осомничени дека сториле две кривични дела. Тие имале сексуални односи пред малолетниик кој ги снимал со телефон, и силувале дете кое имало 14 години.

„Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства“, соопшти Основното јавно овинителство (ОЈО) Кавадарци.

На 57-годишникот од Неготино судија во претходна постапка на Основниот суд Квадарци му изрекол мерка притвор од 30 дена, а на 40-годишникот од неготинско село му изрекол мерка на претпазливост.

Во вториот случај, кој не е поврзан со претходниот, кавадаречкото обвинителство води постапка против татко (44) од Кавадарци осомничен за полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.

„Осомничениот татко во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати“, вели ОЈО Кавадарци.

Од СВР Велес соопштија дека се поднесени кривични пријави за три лица за педофилија.

„ОВР Неготино поднесе кривична пријава против 57-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела задоволување на полови страсти пред друг и Силување на дете кое нема наполнето 15 години, и против 40-годишник од неготинско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Задоволување на полови страсти пред друг. Во стан во Неготино тие имале полов однос во присуство на други лица, меѓу кои и 15-годишен малолетник, кој направил видеозапис кој подоцна бил достапен на повеќе лица. Исто така, постојат основи на сомнение дека 57-годишникот во октомври 2025 година вршел други полови дејствија со малолетникот, кој тогаш бил на возраст од 14 години, а за тоа му давал пари. ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава и против 44-годишник од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое нема наполнето 15 години. Пријавениот, во два наврати во домот каде престојувал, ја допирал по телото неговата 13-годишна ќерка“, рече портпаролката на СВР Велес Ана Милевска-Ѓорѓиева.

Можете да прочитате

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане 

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ОЈО со детали за убиството во Богданци: Ножот се скршил, нападот продолжил со ножици