Утрински Весник
Спорт

Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт

20240628101718 Big 730x400 37.webp.webp

Дваесет и петгодишен маж е приведен откако нападнал со нож навивачи во фан зоната во Штутгарт за време на натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу Чешка и Турција, јави денеска агенцијата ДПА.

Три лица се повредени во инцидентот што се случил во средата вечер додека навивачите на голем екран во фан зоната го следеле натпреварот од групната фаза меѓу Турција и Чешка.

Напаѓачот е обвинет за обид за убиство, соопшти обвинителството.

Тројцата повредени мажи се 19-годишен Германец и двајца турски државјани, на возраст од 38 и 60 години. Турција ја совлада Чешка со 2:1 и се пласираше во осминафиналето на ЕВРО2024.

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград