Утрински Весник
Македонија

Тројца искасани од кучиња скитници: двајца во Гостивар, еден во Тетово

Тројца искасани од кучиња скитници: двајца во Гостивар, еден во Тетово

Триесет и деветгодишниот М. Д. од тетовско Жеровјане, вчера, во 9.30 часот, во СВР Тетово пријавил дека на улицата Браќа Ѓиновски во Гостивар неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

Триесет и двегодишниот гостиварец В. Б., вчера, во 21.15 часот, во СВР Тетово пријавил дека на улицата 101 во Гостивар бил каснат од куче скитник.

Педесетгодишната тетовка И. К., вчера, во 11.30 часот, во СВР Тетово пријавила дека на улицата Благоја Тоска била касната од куче скитник, соопшти СВР Тетово.

Можете да прочитате

19-годишник пронајден починат во Битола

Тошковски: „Тигар” 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

ОЈО поднесе обвинение против Стојанче Јовановски, се гони за три кривични дела