Утрински Весник
Македонија

Тркалезна маса за регионална размена и зајакнување на отпорноста на работниците во регионот во областа на трудовата експлоатација

Тркалезна маса за регионална размена и зајакнување на отпорноста на работниците во регионот во областа на трудовата експлоатација

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) спроведe настан за споделување и размена на регионални искуства од Западен Балкан за ризиците од појава на трудова експлоатација, вклучувајќи ја правната регулираност и улогата на главните актери во процесот на идентификација на жртви на трговија со луѓе, предизвиците при идентификација на жртви на трговија со луѓе, добри практики за поефикасна идентификација на жртви на трговија со луѓе, како и заклучоци и препораки за подобрување на постоечката законска рамка.

dobivaj vesti na viber

 

Учесниците ја презентираа актуелната состојба на трудовата експлоатација, профилот на жртвата, системот за идентификација, законската регулираност и координацијата и соработката на Западен Балкан и се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат државите.

Од дискусијата произлегоа заклучоци според кои ќе се изработи и документ за јавни политики. Клучна поента е дека трговијата со луѓе општо, но особено трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација менува форми и облици и многу често не е навремено препознаена. Поради тоа мора да се работи на подигнување на јавната свест и да се прави контиунирана обука на вработените кои се вклучени во борбата против трговија со луѓе.

Регионалната соработка и размената на алатките и добри практики е нешто што треба да биде редовен начин на комуникација и функционирање. Постои потреба од обука за сензибилизирање на оние кои во прв ред се среќаваат со потенцијалните жртви како: униформираната полиција, здравствените работници, учителите итн.

Соработката помеѓу Инспекторатите за труд и Полицијата е клучна и само со мултидисциплинарен пристап може да се очекува постигнување на резултати. Конечно, се истакна дека со борбата против трговија со луѓе паралелно мора да продолжи и борбата против корупцијата на Западен Балкан, земајќи предвид дека трговијата со луѓе е организиран криминал.

Можете да прочитате

Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација

Левица: Не смее да се деградира уставниот институт „интерпелација”

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово