Утрински Весник
Спорт

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

20251130213134 big 730x400 50.webp.webp

Македонската кошаркарска репрезентација ја постигна втората победа во претквалификациите за Евробаскет 2029 откако вечерва во Даблин ја совлада Република Ирска со 88:76. Резултат по четвртини: 27:20; 13:22; 22:19 и 14:27.

Почетокот на дуелот мина во знак на домашната репрезентација, која на почетокот на вториот период ги имаше и највисоките +11 (31:20). Во продолжението македонските кошаркари направија серија од 15:2 и поведоа со 40:37. Во третиот период двете репрезентации се менуваа во водство, додека во последната четвртина Р.Ирска последен пат водеше со 69:68, на што македонските кошаркари одговорија со серија од 18:5 со што ја обезбедија новата победа.

Андреј Јакимовски со 26 и Џејкоб Вајли со 20 поени беа најефикасни во нашата репрезентација. Во вториот дуел од групата А одигран денеска Луксембург го совлада Азербејџан на гости со 95:90. Македонските кошаркари заедно со селекцијата на Луксембург по две кола имаат по две победи.

Следниот натпревар избраниците на селекторот Марјан Илиевски го играат на 27.февруари 2026 против Луксембург на домашен терен.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет