Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Ветено – исполнето, објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковни резерви 

Pcenica.webp.webp

Денеска е објавен оглас за набавка на меркантилна пченица за стоковните резерви од реколта 2025 година од регистрирани производители на земјоделски производи, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Ова претставува историски момент за македонското земјоделство бидејќи за прв пат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви, што претставува значајна поддршка за македонските земјоделци.


Ќе се откупат 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена 13 денари по килограм (без ДДВ). 

Го потврдуваме нашиот стратешки приоритет – заштита и поддршка на домашното земјоделско производство!

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата даваат резултати

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да растат

Мицкоски: Македонија е шеста држава во привлекување на странски инвестиции по БДП