Утрински Весник
Македонија

Трипуновски собира искуство од поранешни министри и нивни заменици

Tripunovski na sredba so poraneshni ministri i zamenici ministri.jpg

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оствари работна средба со поранешните министри и заменици министри. -Денеска остварив работна средба со поранешни министри и заменици министри – спој на искуството и новата енергија. Разговаравме за сите оние отворени прашања и актуелни состојби во земјоделството во Македонија, заклучокот е дека моментално македонското земјоделство е во најкатастрофална состојба во историјата. Заеднички сплотено ќе работиме да ги корегираме сите недостатоци и закочени работи, а после 8ми мај ќе го вратиме македонското земјоделство на вистинскиот колосек, а со тоа ќе го вратиме и достоинството на македонскиот земјоделец, вели во својата објава на социјалните мрежи Трипуновски.

Можете да прочитате

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени