Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Рестрикции на вода нема да има

16.04.png

„Рестрикции на вода нема да има, оризопроизводителите треба да бидат спокојни”, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при своето гостување во емисијата „Студио 10″ на 24ТВ.

„Моменталната состојба на вода во акумулацијата „Калиманци” е некаде 70 милиони литри, што е доволно да се покријат сите површини кои што се планираат во делот на оризопроизводството”, појасни министерот.


Тој додаде дека и очекуваните пролетни дождови ќе ја дополнат акумулацијата, со што ќе имаме вода и за земјоделците од Свети Николе и Лозово кои што се во продолжение на системот за наводнување.

„Изминативе месеци сериозно работиме на чистење на каналската мрежа која што навистина е стара, дотраена и со години не е инвестирано во неа. Меѓутоа ја ставаме во функција за да максимално ги покрие површините кои што се планираат”, истакна Трипуновски.

„Водата ќе има до секој еден корисник, за кој што има потреба од посевање на ваква култура”, рече тој.

Министерот посочи дека АД Водостопанство, Управата за водостопанство и Министерството сериозно ги следат состојбите во делот на наводнувањето.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски