Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Slika 1 1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен.

На средбата се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко.

Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени и идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување.

Министерот Трипуновски им вети на земјоделците дека со работа и мерки ќе запре намалување на површините под јаболков насад. Нема веќе да има неоткупено македонско јаболко.

„Работиме преспанското јаболко да остане бренд, а земјоделците од Преспанскиот регион да бидат ценети за она за кое во текот на целата година се вложуваат и напорно работат”, истакна министерот.

Можете да прочитате

Купена за 67.000, се продава за 10.000 евра: Општина Струга го продава луксузното „Ауди А6“

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град”, мал број на прекршоци