Утрински Весник
Македонија

Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари

Slika.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство во износ од околу 12 милиони денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство но не повеќе од 11.979.283 денари со вклучен ДДВ.

Со овој договор за користење на финансиска поддршка Министерството сака да помогне во научноистражувачката како и севкупната дејност која ја остварува Институтот за сточарство и рибарство, се со цел да се унапреди сточарското производство во државата.

Изминативе години Македонија бележи пад на сточарството. Тој пад треба да се запре и да се превенира преку низа на сет квалитетни мерки.

„Мојот фокус овој период ќе биде развивање на оваа гранка со воведување на нови и модерни технологии на одгледување на добиток”, истакна министерот Трипуновски.

Во иднина соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Институтот за сточарство и рибарство ќе се продлабочи.

Можете да прочитате

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

Магла на два патни правци, еден регионален пат ќе биде блокиран од 10 часот

Продор на малку поладен воздух од север, викендов ќе биде постуден