Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

Slika 08.08.2025.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој е на терен во гевгелискиот и струмичкиот регион денеска изјави дека според првичните информации од Државниот земјоделски инспекторат откупот оди во нормален тек, има добар род на пиперка, а квалитетот е солиден.

Трипуновски потенцираше дека во текот на вчерашниот ден исплатено се над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци.


„За потсетување, во текот на вчерашниот ден исплативме по подмерката 1.7 по 3 денари по килограм за сите градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Односно исплативме над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци”, истакна министерот и додаде:

„Заложбата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски во делот на земјоделството и градинарството е тоа што во Програмата за 2025 година имаме зголемување на субвенцијата по килограм предадена пиперка, од 3 денари на 4 денари за периодот август – октомври. И за останатиот период од 5 на 6 денари по килограм”.

Можете да прочитате

Расте инвестицискиот интерес: Автомобилската индустрија се шири, а пристигнуваат и високотехнолошки инвестиции

Нов голем раст на цената на горивата, дизелот пак близу 100 денари

Левица: Пензискиот фонд не е во криза затоа што луѓето се пензионираат на 64 години, туку затоа што Македонија ги губи луѓето што треба да го полнат