Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Откупот на црвената пиперка е со нормален тек, македонските земјоделци се во сигурни раце

Tripunovski Strumica 05.08.2024 Scaled.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети с. Муртино и изврши увид на откупот на црвената пиперка.

Пред неколку дена беше постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм,  втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм.

Од страна на министерот беше ветено дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Затоа денеска министерот дојде во с. Муртино за да изврши увид дали се почитува договорот за откупот на црвената пиперка.

Градинарите се задоволни од одлуката на министерот за однапред договорената откупна цена на црвената пиперка.

„Земјоделците се во сигурни раце, Министерството се грижи и го вреднува нивниот труд”, истакна Трипуновски

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата