Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: МЗШВ дозволил противправно доделување на субвенции од илјадници евра, повик до ЈО за истрага

Cvetan Tripunovski.jpg

На денешната прес-конференција, Трипуновски обвини дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не постапило согласно законските одредби, овозможувајќи на две фирми да добијат субвенции од илјадници евра противправно.

Трипуновски најави дека започнуваат со објавување на сите сомнителни случаи и афери поврзани со претходното раководство на МЗШВ под водство на Љупчо Николовски. Според него, јавноста ќе добие увид во тоа како одредени правни лица, преку прекршување на процедурите и прописите, добиле државни средства.

Првиот случај што беше споделен се однесува на фирмата АРЕКСПОРТ ДООЕЛ Увоз – Извоз од Струмица, која, според Трипуновски, добила противправно околу 30 милиони денари во периодот од 2019 до 2022 година. Инспекцијата утврдила дека за 11 од 19 договори со фирмата не се почитувале условите, и дека фирмата не направила вложувања во износ од 2.450.000 евра како што било предвидено. Освен тоа, не била платена закупнина за 2022 и 2023 година, што резултирало со штета на буџетот од 60.000 евра.

Другиот случај се однесува на правниот субјект ДЗС Илинден, кој, како што тврди Трипуновски, продолжил да добива субвенции и по раскинувањето на договорот за закуп на земјиштето, иако требало да се исклучи од списоците на должници и регистрите за субвенции.

Трипуновски повика Јавното обвинителство да спроведе истрага за овие случаи, посочувајќи на цврсти докази за можен криминал и системски пропусти во управувањето со државните средства. Тој истакна дека институциите мора да работат во интерес на граѓаните и најави дека ќе поднесе пријави до Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција за понатамошна истрага и расчистување на случаите.

Можете да прочитате

Николовски демант: Театар и празни обвинувања од Трипуновски

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со американскиот заменик-помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касаноф

Царина со полни раце работа: Запленета непријавена стока, муниција и девизи на граничните премини