Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Ги отвораме институциите, македонските земјоделци ќе имаат полесен пристап до Платежната агенција

Tripunovski Taor 27.08.2024 Scaled.jpg

Денеска од подрачната единица при МЗШВ во Струмица, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев најавија дека ќе се продолжи со отворање на подрачни единици во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.

„Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да проверуваат дали нивната апликација е во ред”, појасни Трипуновски.

Министерот посочи дека во наредниот период ќе се продолжи со отворање на подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да Министерството преку подрачните единици биде сериозен сервис на самите земјоделци.

„Веќе од наредната година планираме сериозно да инвестираме во техничкиот капацитет на секоја подрачна едница и да ја зголемиме функционалноста”, изјави Трипуновски.

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини