Утрински Весник
Свет

Тринаесетгодишно девојче исчезна во Франција пред 7 дена: не дошла на училиште

1720948 1.jpg

Случајот со исчезнувањето на 13-годишната Морган Ривоал ја потресе Франција. Девојчето исчезнало на 25 ноември, откако тргнала на училиште до кое никогаш не стигнала. Морган излегла од својата куќа минатиот понеделник во 7:15 часот и оттогаш се води како исчезната. И покрај бројните напори на полицијата, членовите на семејството, пријателите и доброволците, девојчето сè уште не е пронајдено.

Морган исчезна во областа Армор Коуст. Нејзиното исчезнување го пријавила нејзината мајка во полициската станица во Гингамп минатиот понеделник околу 11:40 часот, откако дознала дека нејзината ќерка не се појавила на училиште, според локални медиуми.

Наставниците и се јавиле на мајката околу 9:30 и и рекле дека Морган не се појавил на час. Инаку, училиштето е на околу пет километри од нејзината куќа.

Според написите, на мистериозното исчезнување на девојчето му претходела расправија со нејзините родители. Претходниот викенд, Морган се расправала со нејзиниот татко и мајка за користењето на социјалните мрежи.

По повишен тон, таткото и го одзел телефонот на Морган, ја извадил СИМ-картичката и наводно го скршил мобилниот телефон. Според сведочењето на пријател на исчезнатото девојче, Морган некако успеала на мрежите да објави објава дека во понеделник нема да дојде на училиште.

Во неделата Морган била дома со нејзините браќа и сестри, додека нејзиниот татко цел ден бил на работа. Следното утро, околу 7:15 часот, Морган ја напуштила куќата и се упатила кон автобуската станица за да оди на училиште.

„Родителите не виделе кога таа излегла од дома, но се јавила од врата, како и секогаш“, кажала обвинителката.

Кога неколку часа подоцна била пријавена за исчезната во полиција, сите првично поверувале дека тинејџерката побегнала затоа што била лута на родителите, иако тоа никогаш претходно не го направила. Меѓутоа, како што минувале часовите, а неа ја немало, сите почнале да се грижат.

Жандармеријата на 25 ноември во вечерните часови во 19:42 часот го објави првиот апел на социјалните мрежи со кој ја информира јавноста дека детето го нема.

„Во моментов ја бараме Морган Ривоал (13), која утрово излегла од дома, но не стигнала на училиште. Висока е 154 сантиметри, има нормална градба, долга брановидна кафена коса и зелено-сини очи, розов ранец со неа“, се наведува во соопштението.

Граѓаните загрижени се вклучија во опсежна потрага. Во петокот, на 29 ноември, повеќе од 800 луѓе ја бараа Морган. Полицијата изнајмила и чамци кои ги чешлале водните патишта во близина на нејзината куќа во градот Пабу.

Полицијата го пребарала теренот пеш, со велосипеди и со автомобил, а во потрагата бил вклучен и хеликоптер кој неколку пати го прелетал подрачјето. Сепак, тие не успеале да ја најдат.

Во исто време, сите членови на нејзиното семејство неуморно ја бараат. За време на викендот 50 жандарми континуирано го пребаруваа теренот, но се уште нема трага од Морган.

Аурора и Џоан Ривоал, родителите на исчезнатото девојче, на социјалните мрежи ги повикуваат граѓаните да им помогнат во потрагата по неа. Но, бидејќи се уште ја нема, од обвинителството најавија дека денеска ќе и се обратат на јавноста, пренесуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

Владата во Јужна Кореја понуди колективна оставка

Шолц: Украинските бегалци или да најдат работа или да се вратат дома

Блинкен: Украина мора да донесе тешки одлуки за мобилизацијата