Утрински Весник
Свет

Тридневно примирје за евакуација на странски државјани во Судан

Тридневно примирје за евакуација на странски државјани во Судан

Тридневниот прекин на огнот меѓу завојуваните страни на Судан стапи на сила по како што САД го нарекоа „интензивни преговори“.

dobivaj vesti na viber

И суданските вооружени сили (САФ) и Силите за брза поддршка (РСФ) јавно ветија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот.

Светската здравствена организација предупреди на „огромен биолошки ризик“ откако една од страните во суданскиот конфликт окупираше лабораторија која содржи патогени за мали сипаници и колера и други опасни материјали.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во понеделникот ги повика членките на Советот за безбедност на ОН „да вложат максимално влијание со страните за да се стави крај на насилството, да се врати редот и да се вратат на патот на демократската транзиција“.

Гутереш, исто така, рече дека ОН не го напуштаат Судан, но привремено преместиле „стотици“ вработени во и надвор од земјата.

Среде борбите, земјите побрзаа да ги евакуираат своите дипломати и граѓани.

Канада, Египет, Франција, Германија, Италија, Шведска, Украина и Соединетите држави се меѓу државите кои користат авиони и конвои за да ги изнесат странските државјани надвор од земјата.

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел