Утрински Весник
Македонија

Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Img 20250221 184541 1024x768 1.jpg

„Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.  Ова го реши жири-комисијата во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата). 

Насловот на победничкиот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 14 март во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.


На конкурсот за наградата „Роман на годината“ годинава се пријавија 43 романи, а жири-комисијата преку неколку селекции стаса до најтесниот избор.

-Како една од спецификите на годинашниот конкурс е фактот дека во најтесниот избор влегоа романи напишани од авторки, што е своевиден куриозитет во историјата на наградата, информира жири комисијата.

Наградата „Роман на годината“ за 2024 година, се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари што го добива авторот, во случајот авторката, на победничкиот роман. Наградата годинава се доделува по 26-ти пат, а свеченото врачување ќе се одржи кон средината на мај.

Можете да прочитате

Два автомобили запалени во скопски Карпош

Од пациентка побарале 3.000 евра за итна операција на сопругот, сведоштво на трибина во Куманово

Малолетник тешко повреден по удар од автомобил