Утрински Весник
Спорт

Три македонски екипи ја стартуваат новата сезона во АБА 2 лигата

111 1.jpg

Стартува новата сезона во регионалната кошаркарска АБА 2 во која ќе настапат три македонски екипи, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Пелистер.

Според новите пропозиции, по четири екипи се поделени во четири групи и во првата фаза секоја од 16. екипи ќе одигра по шест натпревари, три на домашен и исто толку на гостински терен.

По шест одиграни кола, првопласираните две екипи од секоја група обезбедуваат пласман во следната фаза од натпреварувањето во која ќе бидат формирани нови две групи.

Во Топ 8 фазата ќе се одиграат уште шест кола по кои двете најдобри екипи од двете групи, ќе се пласираат во полуфиналето на плеј-офот.

Четирите најдобри екипи ќе се борат за место во финалето во серија „подобар од три натпревари“ (1-1-1), а според истиот систем ќе се игра и финалната серија.

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје, е дел од групата „А“, во која за противници ги има екипите на Хелиос од Домжале, загрепска Цедевита Јуниор односно Теодо од Тиват.

Пелистер кој и лани беше дел до оваа конкуренција е сместен во групата „Ц“ во која се и екипите на Подгорица, Широки и Вршац.

Скопски Работнички ќе ја почне сезоната од групата „Б“ во која за ривали ги има Војводина од Нови Сад, Сутјеска од Никшиќ, и сараевска Босна.

Македонскиот шампион ќе ја има и честа да го отвори новото издание на АБА 2 лигата, вечер, од 18. часот во СЦ „Јане Сандански“ против црногорски Теодо.

На 26. септември, во СРЦ „Кале“, исто така од 18. часот, Работнички е домаќин на уште еден црногорски претставник, Сутјеска, додека својот натпревар од премиерното коло од новата сезона Пелистер ќе го одиграна 1. Октомври на домашен терен против Широки.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига