Утрински Весник
Македонија

Три лица тешко повредени кога возилото во кое се превезувале излетало од патот

Комбе удри скопјанец на паркинг

Три лица се тешко повредени кога автомобилот во кој се превезувале излетал од патот.

dobivaj vesti na viber

Вчера, во 14.50 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат А4 Радовиш – Струмица, на делницата од с. Владевци до с. Радичево, Струмичко, Н. Р. (28) од с. Злеово, Радовишко, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и сопатниците В. Л. (41) и Г. Р. (35) и двајцата од с. Воиславци, Радовишко, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можете да прочитате

Скопјанец пукал од сигнален пиштол, полицијата го уапси

Ужас во Ченто: 15-годишно момче влегло со нож во училиште и прободело врсник

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот