Утрински Весник
Македонија

Три лица фатени додека продавале дрога во Катланово во вредност од 15.000 евра

Три лица фатени додека продавале дрога во Катланово во вредност од 15.000 евра

Пондесено е обвинение против три лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од Обвинителството, на 25 декември, во атарот на селото Катланово во Скопје, тројцата обвинети заедно, неовластено организирале и заради продажба држеле психотропна супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 7.044,4 грама, која првиот обвинет ја понудил на продажба за сума од 15.000 евра.

Кога се сретнале за да се реализира продажбата, другите двајца обвинети стоеле во непосредна близина за да известат доколку забележат движење или присуство на полиција.

При полициска акција, координирана од надлежниот јавен обвинител, обвинетите биле затекнати и се обиделе да избегаат. Сепак, полициските службеници ги привеле тројцата обвинети, а психотропната супстанција ја запленија, соопшти Обвинителството.

Како дел од истата операција, во тек е постапка против уште едно лице, осомничено за помагање при извршување на кривичното дело, додека со едно осомничено лице кај кое беше откриено помало количество дрога вчера беше склучена предлог-спогодба со која тоа го признава делото.

Можете да прочитате

ЕБР и полицијата спречија бегство на убиецот од Штип – уапсени петмина и извадени пред суд

Спроведени во суд петмина осомничени за убиството во Штип – убиецот е 21-годишен Турчин

Ставрески и Славевски се најсериозни кандидати за гувернер на Народна банка