Утрински Весник
Македонија

Три физички напади во скопски училишта пријавени во полиција, момче завршило со тешки телесни повреди

Policija.webp.webp

Три физички напади во скопски училишта биле пријавени во полиција, а во еден од случаите момче завршило со тешки телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

– Денеска во 3:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 43-годишната скопјанка Ј.П. пријави дека вчера околу 11:30 часот во основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка.


Вчера во 12:10 часот, пак, во СВР – Скопје, Д.Р., 47-годишен скопјанец, пријави дека околу 9:30 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници од друго училиште, информираа од МВР.

Вчера во 15 часот во СВР – Скопје, Б.Р., 51-годишен скопјанец, пријави дека на 27 февруари околу 8:15 часот во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг ученик во училиштето, при што му нанел тешки телесни повреди.

Можете да прочитате

АРМ со детали по веста дека дрога е најдена во ранецот на припадник од Армијата

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во посета на Армијата

Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко