Утрински Весник
Македонија

„Тријажа, гасење и спасување на лица“ – сведоштво на командирот од пожарот во Кочани

Dragan apostolov komandir na tppe kocani 1.avif.avif.avif

Драган Апостолов, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани, во гостување во Отвореното Студио на 4ТВ.мк ги опиша драматичните моменти од интервенцијата при пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Бев дома и бев на смена на повик, кога во 2:40 часот добив повик дека е запалена дискотеката Пулс и дека има повредени лица и можни жртви, објави 4news.mk Веднаш ги мобилизиравме сите колеги и ги известивме соседните општини и доброволните друштва за да настапиме брзо и ефективно“, рече Апостолов.


Командирот објасни дека при пристигнувањето на местото на настанот, две противпожарни возила беа веќе подготвени за интервенција.

„Веднаш започнавме со тријажа на повредените лица, додека други интервенираа со гасење на пожарот и спречување да се прошири во другите делови од дискотеката. Луѓето беа надвор, по земја, бараа помош, а ние делувавме во мешани тимови – едни гасеа, други ги изнесуваа повредените“, објасни Апостолов.

Тој додаде дека интервенцијата била комплексна и барала координација со медицински лица и локалните доброволци, со цел да се спасат што е можно повеќе животи.

„Целта ни беше брзо и организирано да реагираме, и во тие критични моменти секој тим имаше своја улога – од гасење на пожарот до евакуација на повредените“, заклучи командирот.

Можете да прочитате

Туфегџиќ до СДСМ: Станавте партија за жалење

Коцевски за кобниот 16-ти март: Сликата пред „Пулс“ беше страшна, не можевме да веруваме дека има 50 жртви

Коцевски во „Ноќно студио“: Како што „копавме“ по доказите, така излегуваа системските пропусти