Утрински Весник
Македонија

Три автомобили се судриле на патот Штип-Кадрифаково, пет лица се здобиле со повреди

20-годишно момче почина откако  свадбена поворка учествуваше во страшна несреќа во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера околу 15.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-село Кадрифаково, во близина на надвозник се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.В.(52), патничко возило „фиат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(51), двајцата од с.Мустафино, светиниколско и патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(38) од с.Анзибегово, светиниколско.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел“, И.Д., додека со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“, Л.Х., сопатниците од возилото „опел“, Б.С.(24) и Ф.Х.(26), двајцата од Свети Николе и сопатникот од возилото „фолксваген“, Д.П.(34) од Велес, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Можете да прочитате

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Поштa

Со 2,44 промили возел пијан низ Кичево

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица