Утрински Весник
Економија

Тргна исплатата на парите од Мој ДДВ, информира УЈП

Mojddv Smetka 1.jpg

Управата за јавни приходи информира дека исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни веќе се реализира и се очeкува целосната исплата да заврши до крајот на оваа недела.

УЈП подготвила налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата.

„Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација. Апелираме до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка, најбрзо да ја внесат точно својата ЛИЧНА трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот“ информираат од УЈП.

Можете да прочитате

Николоски: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево 

Премиерот Мицкоски со владина делегација во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Почнува Светскиот економски форум во Давос