Утрински Весник
Магазин

Тревор Ноа се повлекува како водител на „Дејли шоу“

Тревор Ноа се повлекува како водител на „Дејли шоу“

Комичарот Тревор Ноа најави дека се повлекува од улогата на водител на The Daily Show.

dobivaj vesti na viber

„Исполнет сум со благодарност, но има уште еден дел од мојот живот што сакам да продолжам да го истражувам“, рече тој на крајот на вчерашната емисија.

38-годишниот Тревор го води ток-шоуто со сатирични вести откако ја презеде должноста од Џон Стјуарт во 2015 година.

Тој рече дека времето на неговото заминување ќе биде објавено подоцна и дека во меѓувреме ќе продолжи како домаќин.

Ноа ја почна својата кариера во родната Јужна Африка, објавувајќи низа стендап спешли и водејќи неколку вечерни емисии пред да се пресели во САД во 2011 година.

Тој сè уште беше релативно непознат кога беше избран да го преземе „Дејли шоу“ на мрежата „Комеди централ“, но оттогаш стана меѓународно призната ѕвезда и освои бројни телевизиски награди.

Ноа ја соопшти одлуката на крајот од емисијата во четвртокот вечерта, предизвикувајќи изненадување кај публиката во студиото.

Тој ѝ се заблагодари на екипата на шоуто и на верните фанови за, како што рече, „неверојатните седум години“.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб