Утрински Весник
Свет

Тревога во индиската држава Керала откако брод со опасен товар потона во близина на брегот

Image 2025 05 26 112538102.png

Индиската држава Керала денеска прогласи висок степен на тревога долж својот брег откако контејнерски брод што превезувал опасен товар потона во близина на брегот.

Бродот, под знаме на Либерија, пловел меѓу индиските пристаништа Вижинџам и Кочи кога, од сè уште непознати причини, потонал на околу 38 наутички милји (70 километри) од брегот на Керала во неделата наутро.


Сите 24 членови на екипажот се спасени, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Бродот потонал со 640 контејнери, вклучувајќи 13 со неодреден „опасен товар“ и 12 што содржеле калциум карбид. Во неговите резервоари имало околу 84 тони дизел и 367 тони мазут.

Владата на Керала денеска ги повика луѓето да не се приближуваат до контејнерите што плутаат кон брегот. Исто така, им советуваше на рибарите да се оддалечат што подалеку од потонатиот брод.

Индиската крајбрежна стража соопшти дека испратила авион со систем за откривање на излевање на нафта за да ја испита областа. На местото на несреќата има и брод со опрема за контрола на загадувањето.

Можете да прочитате

Глечер уништи швајцарско село кое неодамна беше евакуирано

НАТО цели кон зголемување на бригдите за околу 50 отсто, тврди воен претствник

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор