Утрински Весник
Спорт

Тренерот на Селтик ја презема клупата на Тотенхем

Тренерот на Селтик ја презема клупата на Тотенхем

Анге Постекоглу ќе биде нов менаџер на Тотенхем, откако експресно ги договорил условите за преселба во Лондон, пренесуваат англиските медиуми. Тој доаѓа од шкотскиот првак Селтик каде работеше две сезони, а оваа успеа да ја донесе тројната круна.

dobivaj vesti na viber

Австралискиот стратег со грчко потекло форсира напаѓачки фудбал што било пресудно за претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, да се одлучи да го ангажира.

Тотенхем минатата сезона имаше многу турбуленции на клупата откако замина Антонио Конте, а надежите на раководството се дека Постекоглу ќе успее да формира тим кој ќе се бори за највисок пласман.

Можете да прочитате

Надал за првпат елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

Конте станува најплатениот тренер во Серија А

Синер ја помина првата пречка на Ролан Гарос