Утрински Весник
Спорт

Тренерот на Евертон поднесе оставка

Everto.png

Премиерлигашот Евертон денес објави за оставката на тренерот Шон Дајч. Заедно со него клубот го напушти и неговиот стручен штаб.

Лејтон Бејнс, кој раководеше со тимот на „Карамелите“ до 18 години, е назначен за привремен главен тренер.


– Процесот за назначување нов менаџер е веќе во тек и за тоа ќе ве информираме во догледно време, се вели во соопштението на клубот.

Педесет и тригодишниот Дајч е на чело на Евертон од јануари 2023 година. За тоа време, клубот од Ливерпул одигра 83 натпревари, забележа 26 победи, 24 нерешени и 33 порази.

Можете да прочитате

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација!