Утрински Весник
Македонија

Трендафилов: Поради егото на поединци во Владата, работниците останаа без зголемување на платата

418724833 10210740246897855 4669978984122647856 n.jpg

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, во објава на Фејсбук остро реагира на одлуките на Владата, оценувајќи дека егото на поединечни владини претставници е директна причина зошто минатата година не дошло до зголемување на работничките плати.

Според Трендафилов, работодавачите биле подготвени да ги зголемат платите за најмалку 6.000 денари, доколку Владата привремено се откажела од дел од придонесите. Но, како што наведува, тоа било одбиено од поединци во извршната власт, кои сметале дека вакво решение „не смее да се дозволи“.

„Ако минатата година не тераа инат и го олеснеа притисокот врз работодавачите преку придонесите, денеска работниците ќе имаа плус 6.000 денари на платите“, пишува Трендафилов. Тој додава дека по истекот на временскиот период за кој бизнисот барал олеснување, државата повторно ќе почнела да ги прибира придонесите за зголемените плати, со што во буџетот месечно ќе се слеваа над 10 милиони евра, а годишно повеќе од 120 милиони евра.

Наместо тоа, оценува првиот синдикалец, Владата избрала да се задолжува и да зема кредити, чиј товар ќе го носат идните генерации. Во пораката упатува повик бизнис-заедницата да ја прифати „подадената рака на работниците“ и заеднички да извршат притисок Владата да застане на страната и на бизнисот и на работниците.

„Работниците и бизнисот одлучуваат кој ќе ја води државата. Ако тие што се избрани не работат во нивен интерес, лесно ќе бидат заменети“, порачува Трендафилов, најавувајќи дека доколку нема промена на политиките, синдикатите се подготвени да преминат на следните фази блокади, протести и генерален штрајк, за чии последици, како што нагласува, одговорноста ќе биде исклучиво кај власта.

Можете да прочитате

Уапсено лице од струшко, во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција

Вчера 585 прекршоци за брзо возење, 50 за црвено светло и 16 возила биле нерегистрирани

Kражба на електрична енергија од трафостаница за копање биткоини, штета од 16 милиони денари