Утрински Весник
Македонија

Муцунски од Дубаи: Економијата и дигитализацијата фокус на посетата, ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка

20260203095007 big 730x400 11.webp.webp

Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел – придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните, порача од Дубаи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова учествува на Светскиот самит за влади.

Во видео-пораката споделена преку неговиот фејсбук профил, Муцунски информира дека ќе оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула, на која ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за соработка во областа на модернизација на Владата и државната администрација.

Муцунски најавува и повеќе билатерални средби со шефови на држави и други високи претставници.

-Од денеска до четврток заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова учествуваме на Светскиот самит за влади во Дубаи, една од клучните глобални платформи посветени на  иднината на владеењето, економијата и меѓународната соработка. Во рамки на посетата ќе остварам средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ  шеикот Абдула, на која ќе потпишеме меѓувладин меморандум за разбирање и соработка во областа на модернизација на Владата и државната администрација. На маргините на Самитот ќе оствариме и повеќе билатерални средби со шефови на држави и други високи претставници насочени кон продлабочување на политичката и економската соработка и унапредување на меѓународната позиција на државата. Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел, придобивките од овие  активности директно да ги почувствуваат граѓаните, истакнува министерот во видео-пораката.


Можете да прочитате

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор