
Со оглед на лошите резултати на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво изминативе 4 години, кои се рефлектираат низ сите општини, од Скопје, па до најмалите општини, граѓаните сè повеќе ја препознаваат политиката на СДСМ, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во гостувањето на „Вести Плус” на Канал 5.
– Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги запустија градовите, ништо стратешко не е реализирано, освен неколку чешми и бекатончиња. Од ветеното, немаше ништо, рече Тренчевска.
Таа потенцираше дека анализите покажуваат дека СДСМ има одлични кандидати во многу општини, особено во места како Крива Паланка, Валандово, Центар, Крушево и други, каде што актуелните градоначалници го сменија ликот на градовите и покажаа што значи вистинско локално лидерство, рече Тренчевска.