Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Вложувањето во младите останува во нашиот фокус

Тренчевска: Вложувањето во младите останува во нашиот фокус

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на настан во рамки на европскиот Проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошкп-индустриски развојни зони (ТИРЗ).

dobivaj vesti na viber

Таа истакна дека Владата, преку Министерството за труд и социјална политика има системски пристап во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат младите, преку имплементација на политики за вработување и носење  посебни закони, земајќи ги предвид промените на пазарот на трудот и иновациите во бизнис-секторот и работните места.

„Националната стратегија за вработување 2021 година, Имплементација на активни програми за вработување, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, Гаранција за млади, Законот за практиканство, Закон за младински додаток и Закон за младинско учество и младински политики, се дел од политиките кои се наменети за поддршка на вработување на младите“, истакна Тренчевска.

Посочи дека, Националната стратегија за вработување 2021-2027 година ги зема предвид случувањата во економијата и на пазарот на трудот со кои Северна Македонија се соочуваше во последните две децении за да се идентификуваат структурните предизвици што треба да се решат.

„Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување се изготвува на годишно ниво. Во 2021 година вкупниот опфат на лица со програмите/мерките за вработување од Оперативниот план за вработување изнесуваше 11.933 невработени лица. Согласно планот за 2022 година планиран е опфат на вкупно 14.685 невработени лица од кои предвидено е минимум 30% да бидат млади лица до 29 години“, истакна министерката.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Внимавајте, полицијата засилено казнува за еден сообраќаен прекршок