Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Trencevska.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, остро реагира на срамната и небулозна изјава на Миле Лефков, кој по два месеци молк излезе со став дека со предлог-законот за поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани се рушел правниот поредок.

„Преслушај се уште еднаш, Лефков, верувам ќе се засрамиш од вакви изјави. Закони за интервенција во случаи на вакви трагедии постојат насекаде во светот. Тоа е суштината на законодавството – да се создадат механизми за брза реакција и институционална поддршка за семејствата кои се соочуваат со ваква голгота. Да потсетиме, постои и Закон за бранителите кој предвидува конкретни поволности за одредена категорија граѓани – и никој тогаш не зборуваше за „рушење на правниот поредок“ вели Тренчевска.


Таа вели дека очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту чувство за срам, ниту одговорност, а Лефков ја отвори вратата, а сега сите по ред од ДПМНЕ ќе ја повторуваат истата мантра.

„Ништо не научивте од трагедијата во Кочани. Не само што не понудивте решение, туку не успеавте ниту да се соочите со болката на семејствата, ниту да му помогнете на градот. Наместо поддршка – навреди. Наместо одговорност – политички игри. Дното одамна е пробиено“ – нагласува Тренчевска.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе