Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Реализацијата на капиталните инвестиции на ДПМНЕ на локално ниво е поразителни 3%

Jovana t sdsm.png

Реализацијата на капиталните инвестиции на локално ниво има поразителен резултат од 3%, што ја покажува неспособноста на власта, посочи пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Тренчевска направи споредба со април 2024 година кога реализацијата на капиталните инвестиции била 16% на централно ниво, и била критикувана од тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ и сегашната министрка за финансии како слаба и додаде дека сега како власт ниту 10% не можат да реализираат. 


Пратеничката на СДСМ потенцираше дека и реализацијата на најавените средства од унгарскиот кредит во општините е далеку од ветените 250 милиони евра.

-ВМРО-ДПМНЕ имаше изјави дека секоја години од унгарскиот кредит во општините ќе одат 250 милиони евра. Во 2024 се дадени 80, сега ќе дадат 90 милиони евра. Значи 2024 и 2025 година нема да стаса до 250 милиони евра. Тоа се тие лаги кои ги даваше ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата и после неа, нагласи Тренчевска, додавајќи дека во општините наместо капитални проекти има мали проектчиња.

Ако се погледне првиот повик на Владата, освен паркчиња, бекатон плочки, чешми нема посериозни инвестиции во сите општини. Ветуваа општините дека ќе градат преку ваквите проекти и градинки и старски домови, меѓутоа ниту еден проект не се однесува на градинка или на старски дом, ниту пак на проекти против загадувањето, нагласи пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Можете да прочитате

Се чека 3 до 4 часа за зрачење, работи само еден апарат – Битката со канцер низ солзи раскажана пред камерата на Телма

Мицкоски најави можни вонредни парламентарни избори поради трсгедијата во Кочани

Претседателката на ДКСК однесена во Кривичен