Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата на Слободен печат истакна дека методологијата за усогласување на пензиите е трајно решение во корист на пензиите и дека тоа ниту денес ниту во иднина нема да зависии од нечија политичка волја.
„Во изминатите две години направивме навистина многу во делот на системско решавање на пензиите и новата методологија што беше донесена и поздравена од Сојузот на пензионери, од Партијата на пензионерите и од многу пензионери, дава резултати. Резултати има на краток, но многу повеќе на среден и долг рок и тоа пензионерите го чувствуваат затоа што два пати во годината се врши усогласување на пензиите согласно порастот на трошоците за живот, односно инфлацијата и растот на просечната плата. Ако погледнеме наназад, минималната пензија во 2017 година беше 6.000 денари денес најниска пензија е 13.200 денари и за еден месец повторно ќе имаме раст на пензиите и таа ќе го зголеми“ порача Тренчевска.
Во однос на тоа за колкав процент ќе се зголемагт пензиите во март, Тренчевска побара трпение прво да излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.
„Не би зборувала за процент, а ниту за некакви рамки, затоа што секоја рамка се зема здраво за готово и се манипулира со пензионерите и затоа ќе ги почекаме официјалните податоци. Но она што е факт е дека од март 2022 до крајот на 2023 година, пензиите се покачија за 24%/. Никогаш претходно немало такво зголемување на пензиите за толкав период.“ посочи Тренчевска