Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Наша цел е да овозможиме повеќе простор за развој и лично изразување на младите глуви и наглуви лица

Тренчевска: Наша цел е да овозможиме повеќе простор за развој и лично изразување на младите глуви и наглуви лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници од Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак“ и асоцијацијата „Гласни раце“. На средбата се зборуваше за финансиското работење на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија, како и можностите за нови критериуми за распределување на буџетите со што ќе им се овозможат повеќе средства на младите за активности. Исто така беше разговарано и за значењето на толкувачите и ангажирање и обучување на нови согласно потребите на глувите лица.

dobivaj vesti na viber

Министерката на состанокот истакна дека во периодот кој што следува ќе се залага за поиновативна програма на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. Според неа програмата треба да содржи активности согласно потребите на младите и истите ќе можат да овозможат повеќе начини за личен развој. Таа истакна дека во јавност ќе се споделуваат успешни приказни кои можат да бидат мотив за младите глуви и наглуви лица за поголемо општествено вклучување, затоа што државата го препознава нивниот потенцијал.

На состанокот особен фокус беше поставен и на знаковниот јазик кој според присутните треба да биде стандардизиран и воедно да бидат достапни што повеќе толкувачи за глувите и наглувите лица, со што ќе се олесни нивното секојдневие.

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница