Утрински Весник
Свет

Трас и Макрон во Прага: Ние сме пријатели, непријателот е Путин

Трас и Макрон во Прага: Ние сме пријатели, непријателот е Путин

На самитот во Прага, кој се одржа вчера во рамките на концептот на европската политичка заедница, присуствуваа премиерката на Велика Британија, Лиз Трас, и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Се сретнаа и разговараа.

dobivaj vesti na viber

Трас изјави дека францускиот претседател е пријател на Велика Британија откако во текот на летото изјави дека функционерите во нејзината земја се поделени за тоа дали францускиот претседател е пријател или непријател, пренесе „Ројтерс“.

„Соработуваме многу, многу тесно со претседателот Макрон и со француската влада и она за што разговараме е како Велика Британија и Франција може поблиску да соработуваат за да изградат повеќе нуклеарни централи и да обезбедат двете земји да имаат енергетска безбедност во иднина“, рече Трас.

Трас на прашањето дали францускиот лидер ѝ е пријател, таа одговорила потврдно.

„На двајцата ни е многу јасно дека непријателот е Владимир Путин, кој ги загрози слободата и демократијата во Европа со својата страшна војна во Украина и ги зголеми цените на енергијата“, продолжи Трас.

Макрон рече дека е задоволен што Трас им се придружила на другите европски лидери.

„Многу ми е драго што се сретнав со Лиз Трас во Прага“, рече тој на прес-конференцијата по самитот на земјите од ЕУ и земјите што не се членки на ЕУ.

Можете да прочитате

Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ