Утрински Весник
Свет

Трамп за Сирија: Ова не е наша битка, немојте да се мешате

Tramp.webp.webp

Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, се огласи на социјалните мрежи со став дека САД не треба да се вклучува во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на администрацијата на претседателот Башар ал-Асад.

„Сирија е во хаос, но тоа не е наша битка, и САД НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НИШТО СО ТОА. ОВА НЕ Е НАША БОРБА. НЕКА СЕ ОДВИВА. НЕМА ДА СЕ МЕШАМЕ!“, напиша Трамп во својата изјава.

Тој посочи дека Русија, која е ангажирана со војната што ја води во Украина, каде изгуби над 600.000 војници, се чини неспособна да го запре овој марш низ Сирија, земја која ја штитеа со години.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија