Утрински Весник
Свет

Трамп за потенцијално одење во затвор: Тоа е жртва што сум подготвен да ја направам

Tramp 2.webp.webp

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека повеќе би сакал да оди во затвор отколку да се придржува на тековното судење.

Имено, судијата во кривичната постапка во која Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи со цел да прикрие наводни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, му се закани на поранешниот претседател со затворска казна бидејќи повеќепати ја прекршил забраната да зборува за случајот.

„Искрено, нашиот Устав е многу поважен од затворите“, рече Трамп во ходникот на судот во Менхетен. „Не можат ни да се споредуваат. Подготвен сум да ја дадам таа жртва“, рече тој.

Трамп брзо ги искористи пресудите за да добие поддршка во кампањата, и од гласачите и од донаторите.

Во е-поштата за собирање средства испратена пред да оди на суд, Трамп рече дека „либерален судија во Њујорк“ му се заканил дека „ќе го фрли во затвор“ и дека „го сакаат со лисици.

Неговата кампања ги повика приврзаниците да „Застанат со Трамп“ и да насочат донации до заедничкиот комитет за собирање финансиски средства започнат оваа пролет.

Заканите, исто така, му даваат на Трамп нов начин да го критикува американскиот правосуден систем, за кој вели дека е нефер и пристрасен, објаснува Политико.

Можете да прочитате

Хутите во Јемен ослободија повеќе од 100 воени заробеници

Воениот кабинет на Израел вечерва ќе разговара за договорот за ослободување на заложниците

ОН: Над 670 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја