Утрински Весник
Свет

Трамп воведува царини до 245% за Кина

Usa china.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Трговската војна меѓу двете најголеми светски економии нагло ескалира. Белата куќа објави дека Кина сега може да биде погодена со царини од дури 245 отсто за извозот во САД, како резултат на нејзините „одмазднички мерки“, пренесува Анадолија.

Ова е највисоката царинска стапка досега спомната, која е наведена во документ штотуку објавен, заедно со извршната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп. Регулативата најави истрага за ризиците за националната безбедност на САД поради зависноста од увоз на преработени критични минерали и сродни производи.


На денешната прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан беше прашан за тарифната стапка од 245 проценти. Тој одговори дека „за конкретни бројки, треба да контактирате со американската страна“, објави кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

Трамп претходно воведе основна царина од 10 отсто на увозот од сите земји, но привремено ги замрзна дополнителните „реципрочни“ царински стапки, кои требаше да се одредуваат поединечно по земјите во зависност од бариерите што ги поставуваат за американските производи.

Единствената земја изземена од таа пауза е Кина, која сега се соочува со дополнителен бран царини. Администрацијата на Доналд Трамп претходно ги предупреди земјите да не возвраќаат на американските царини, велејќи дека оние кои ќе се воздржат од одмазда ќе бидат наградени во идните трговски преговори.

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат